Советничка на Мицкоски шири паника за рестрикции на струја

од Nikola Popovski

Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски ги користи последните предизборни денови за да сее страв и паника кај граѓаните обвинувајќи дека енергетските компании веќе се подготвуваат за рестрикции на електрична енергија.

Иако од ЕЛЕМ ги демантираат овие тврдења, Мицкоски на помош ги повика и неговите советници да ја бранат оваа теза како што е енергетскиот консултант Сања Божиновска која за повеќе медиуми ја потврдува тезата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во 2019 ги претстави луѓето кои ќе го советуваат за обнова на Македонија и тогаш на листата се најде токму Божиновска за областа енергетика.

Покрај тоа Божиновска била и директор на секторот за трговија со електрична енергија во Руднап, една од најголемите компании за трговија со струја во Југоисточна Европа, присутна и во Македонија преку партнерската компанија Energy services во времето на владеењето на Никола Груевски.

“Руднап“ пак заедно со „ГЕН-И Македонија“, меѓу другите се двете компании кои во 2012 учествувале во нелегален увоз на струја.

“Руднап“ и “ГЕН-И Македонија “, се две од четирите фирми за кои се поднесени кривични пријави за царинска измама. и затаиле 1,8 милиони евра.

Претходно истата година, Комисијата за заштита на конкуренцијата поднела прекршочни пријави за четири трговци со струја под сомнение дека незаконски ја манипулирале цената при јануарскиот увоз на електрична енергија во земјава.

Според Антимонополската комисија компаниите Еспада, Ген-и, ЕФТ и Руднап груп, на тендерот што го спровел тогаш ЕЛЕМ , картелски се здружиле за да бидат во предност пред останатите фирми што учествувале.

За да се воведат рестрикции на снабдувањето со електрична енергија потребно е да се формира Комисија за електроенергетска кризна состојба составена од пет членови – претставници од компаниите производител, преносник, дистрибутер, РКЕ и Министерството за економија. Доколку Комисијата донесе одлука за прогласување електроенергетска кризна состојба ја доставува до Владата. За натамошен прекин или продолжување на кризната состојба одлучува Комисијата која има мандат од четири години.

Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски уверува дека компанијата произведува доволно струја и оти е зголемен ископот на јаглен.

-Во наредните денови ќе склучиме договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. За РЕК Битола повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен по поволна цена која ќе има економска оправданост.

Истовремено се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана и работиме истата да се стави во функција. Потенцираме, електрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста, вели директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.

Увозот на јаглен е засега единствената мерка за справување со енерегтската криза. Во меѓувреме цената на струјата на светските берзи и натаму расте. Предупредувањата се дека ни престои тешка зима. Очекувањата се дека цената ќе се стабилизира дури во втората половина следната година.

Слични содржини