Советничка во град Скопје: Проектот за Универзална сала е целосно безбеден

од Nikola Popovski
376 прегледи

Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден, изјави Анжелика Апсис, советничка во Советот на Град Скопје.

Според неа, самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрвуање Град Скопје го има.

-Понатаму, Пратен и одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем“ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска. Престанете со сите овие невистини. Скопјани веќе го изгубија трпението. Треба да го сработите тоа за кое сте избрани, побара Апсис од град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.

На денешната прес-конференција во врска со реконструкцијата на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека на 6 јули 2021 година е изготвен записник во кој што јасно се нагласува дека постојат проблеми со постојната состојба на проектот, односно неусогласеност на проектот со постојната состојба на Универзална сала, а дополнително новопроектираните конструктивни елементи е предвидено да се постават врз трафостаница во рамки на постојниот објект за којашто постои проблем во нејзината дислокација.

Слични содржини