Советниците во Град Скопје не поддржаа набавка на еко автобуси со кредит од 10 милиони евра

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не ја доби поддршката од советниците за набавка на еко автобуси со кредит од 10 милиони евра.

За време на седницата Арсовска ги повика советниците, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да не ја бојкотираат оваа точка од дневниот ред и да го изгласаат предлогот, кој, како што рече, е дел од програмата „За модерно Скопје“, која на локалните избори беше поддржана од оваа партија.

По однос на оваа точка и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и оние од СДСМ гласаа „воздржано“, со што не се обезбеди мнозинство за предлогот да биде изгласан.

Во предизборната кампања скопската градоначалничка вети набавка на 250 еколошки автобуси и бесплатен автобуски превоз за скопјани.

Слични содржини