Советник на Вучиќ: Преместувањето на амбасадата во Ерусалим не е дефинитивно

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Српската советничка за медиуми, Сузана Васиљевиќ денеска изјави дека трансферот на српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим сè уште не е конечен и дека тоа ќе зависи од тоа како се однесува Израел по прашањето за Косово, пренесува агенцијата Танјуг.

Васиљевиќ потсети дека српскиот претседател Александар Вучиќ во САД, на конференцијата на американско-израелскиот комитет за односи со јавноста (АИПАК) во март годинава, најави дека Србија ќе отвори канцеларија на Српската трговска комора и државни канцеларии во Ерусалим.

„Следните чекори допрва ќе се дискутираат, а тоа зависи од постапката на Израел, досега ние не прифативме ништо и ништо не е потпишано, таа точка е во документот на Приштина, но не и во тој на Србија“, рече Васиљевиќ за ТВ Прва, јавува Танјуг.

На прашањето како реагираат арапските држави на можното преместување на српската амбасада во Ерусалим, Васиљевиќ рече дека коментарите се претежно позитивни и дека Србија нема забелешки.

„Претседателот ќе зборува за тоа во следниот период“, најави советникот за медиуми на Вучиќ.

Слични содржини