Советник од СДСМ бил физички нападнат од советник на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
415 прегледи

„На последната седница на Советот на општина Ѓорле Петров јас бев предмет на директни, јавно искажани закани по мојот живот и по животот на моето семејство. Пред сите советници, од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Мисајалевски бев физички нападнат и добив директни закани по својот живот и безбедносра на моето семејство“, изјави денес Влатко Цветковски, координатор на советничката група на СДСМ во општина Ѓорче Петров.

Според него, насилничката, режимска матрица се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ како на централно така на локално ниво.

„Случајот е уредно пријавен во најблиската полициска станица ПС Ѓорче Петров и очекувам разрешница.

Оваа прилика ја користам да упатам апел до локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со обидите за неискрени извинувања, заканата од Мисајлевски е сериозна и со неа ќе се занимаваат надлежните органи.

Инаку ова не е првпат функционери на ВМРО-ДПМНЕ да се закануваат кон советници во Општина Ѓорче Петров. Јас лично, но и други советници сме сведочеле на брутални закани од страна на советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Цветковски.

Случајот е пријавен и во полиција.

„На 29.01.2021 во 13.00 часот В.Ц.(33) од Скопје, пријавил дека околу 12.50 часот во просториите на Општина Ѓорче Петров С.М. му упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Слични содржини