Советник за национална безбедност: Трамп е фрустриран од Зеленски

од Nikola Popovski
217 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп е „многу, многу фрустриран во моментов“ од украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц, во услови на продлабочување на поделбите меѓу администрацијата на Трамп и официјален Киев.

Валц истакна дека Трамп е разочаран што Зеленски не дошол на преговарачка маса и не сакал да ја искористи можноста.

„Тој на крајот ќе дојде до таа точка, и се надевам дека ќе дојде многу брзо, но претседателот Трамп, како што јасно им ставивме до знаење на нашите руски колеги, и сакам да им го објаснам ова денес е фокусиран на запирање на борбите и продолжување напред. Би можеле цел ден да се расправаме за она што се случило во минатото“, рекол тој.

Острите тонови од Вашингтон следуваат откако украинскиот претседател рече дека Трамп живее во дезинформациски простор создаден од Москва. Од изјавата на Трамп се огради лидерот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун. Водачот на демократите, Шумер, со критики за американскиот претседател.

Во Киев е специјалниот пратеник на САД, Кит Келог. Средбата следува по состанокот во Ријад меѓу САД и Русија, за која Украина изрази незадоволство. Од билатералниот состанок во Судиска Арабија незадоволни и членките на ЕУ. Францускиот претседател одржа уште еден самит за Украина, а идната недела ќе го посети Вашингтон. Во истиот период во САД ќе патува и британскиот премиер Кир Стармер, потврди советникот Волц.

Слични содржини