Советот на амбасадори: Се надеваме дека Бугарија ќе смогне сили и ќе ѝ го отвори патот на Македонија кон ЕУ

од Nikola Popovski
229 прегледи

Советот на Амбасадори денеска соопшти дека со разочарување ја прими најавата на МНР на Република Бугарија, како и изјавата на министерот Светлан Стоев дадена на состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставникот на Европската Унија во Софија, дека Бугарија нема да поддржи почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, во декември оваа година.

Од таму сметаат дека ваквото постапување од Република Бугарија не е во насока на напорите на Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, на земјите членки на Унијата и на американскиот Стејт Департмент, за што  поскоро одржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Северна Македонија.

-Советот на Амбасадори оценува дека оваа најава е особено неповолна и опасна во време кога земјите на Западниот Балкан се соочуваат со закани по безбедноста на регионот, со влошување на епидемиолошката состојба со ковид-19, и со енергетска криза, се наведува во соопштението од Советот.

Оттаму додаваат дека се надеваат оти и покрај овие најави, државните чинители на Бугарија ќе смогнат сили на Самитот на ЕУ во декември да ѝ го отворат патот на Република Северна Македонија кон побрзо интегрирање во Европската Унија.

Слични содржини