210
Советот на ЕУ денеска соопшти дека го усвоил ставот во прво читање за безвизно патување за имателите на пасоши издадени од Косово.
„Новите правила ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да патуваат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена. Овој исклучок од визното барање ќе се применува од датумот кога Европскиот систем за патни информации и авторизација (ETIAS) ќе почне да функционира или од први јануари 2024 година, што и да настапи прво“ се вели во соопштението.
Како што е наведено, Косово вложил големи напори да го подобри управувањето со безбедноста и миграцијата и да ја усогласи својата визна политика со политиката на ЕУ.