Советот на Европа: С. Македонија да ги подобри затворските услови во „Идризово“ и „Шутка“

од Nikola Popovski
289 прегледи

Европскиот комитет за спречување на тортурата и на нехуман и деградирачки третман или казнување (КПТ) во својот извештај за 2020 година, наведува дека Македонија треба да воспостави професионална затворска служба и да обезбеди подобри услови за лицата задржани во затворите Идризово и Скопје.

Комитетот посочува дека го интензивирал својот постојан дијалог преку разговори на високо ниво, при што на 9 декември минатата година негова делегација разговарала со премиерот и министерот за правда.

Според во извештајот на ова тело на Советот на Европа, работите се движат цело време во позитивна насока, но се уште има „сериозни прашања за решавање“.

– Разговорите на високо ниво, во кој е вклучен премиерот на Македонија, ги покажува заложбите на властите на Македонија да се вклучат и да ги имплементираа препораките на Комитетот, нагласи претседателот на КПТ, Алан Мичел.

Делегацијата ги посетила и полициските станици Бит Пазар, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода во Скопје.

Слични содржини