Советот на град Скопје ја прифати иницијативата за преземање на Универзална сала од страна на Министерството за култура, на потег е Арсовска

од Vladimir Zorba

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура, соопштија од партијата на власт.

„Реконструкцијата на Универзална сала предолго време стои во место а за реализација на овој проект обезбедени се средства од државниот буџет.

Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа треба да им се врати на граѓаните како важен репрезентативен објект во главниот град.

Неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ е едно но СДСМ иако е опозиција во Советот, продолжува да работи за доброто на Скопје, за доброто на граѓаните.

Сега на потег е градоначалничката на Град Скопје. СДСМ апелира да се прифати одлуката на Советот и реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Министерството за овој проект да биде завршен“, се додава во соопштението.

Слични содржини