По оставаката на Аневски на негово место Коле Штерјов
По повеќе од три години Петар Аневски му го отстапи претседателското столче во салата за седници на Коле Штерјев. Откако членовите ја прифатиле оставката на Аневски едногласно го избрале Штерјев, кој бил и единствен предложен кандидат. Рече дека ќе се потруди да го врати угледот и да ја подобри сликата во ова обвинителско тело надлежно за бирање и разрешување обвинители. Признава дека односите со СЈО биле нарушени, но ќе работи и на тоа да се подобрат.
За предметите кои Советот не и ги даваше на Јанева меѓу кои „Поткуп“, „Маџар Телеком“ и „Верушевски“ смета дека Советот не треба да се меша во работи за кои не е надлежен.
Поранешниот претседател Аневски ненадејно си поднесе остсавка наведувајќи фамилијарни причини, но останува член на советот, доека Штерјев е една година член, а претходно целата кариера ја минува низ обвинителствата. Беше обвинител за организиран криминал а последните години пред да влезе во Советот беше унапреден во Вишото скопско обивнителство. Дел од познатите предмети кои ги водел е падот на кингерот во кој загина претседателот Борис Трајковски со најблиските соработници, акцијата „Бродец“ и судењето против екс гувернерот Трпевски и бизнисменот Смиленски.