383
На последната 59-та седница на Советот на Општина Центар донесе Одлука за субвенционирање на ЈП „ПОЦ“ за заедничкиот проект „И отпадот има вредност!“.
Со дополнителни 9 милиони денари општината и ЈП „ПОЦ“ ќе го покријат цел Центар со повратни вендинг машини.
-Со проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар граѓаните можат своите пластични шишиња и лименки да ги рециклираат на поставените повратни вендинг машини поставени на повеќе локации низ општината, да добиваат субвенции и да ги користат попустите во повеќе од 30 локали во Скопје, сподели на својот ФБ профил градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.