После Велигден Советот на Општина Центар ќе донесе финална одлука за висококатниците кај „Холидеј ин“

од Andreja Salpe

Градоначалникот на Општина Центар соопшти дека до Велигден ќе се знае дали ќе се суспендира планот за изградба на трите висококатници спроти „Холидеј ин“ или сепак ќе се гради, но сепак официјалната одлука ќе ја донесе Советот на Општина Центар на седница после празникот.

Богдановиќ стравува дека општината ќе банкротира ако се суспендира планот, заради тоа што ќе треба да плаќа огромни суми оштета бидејќи инвеститорот веќе ги уплати комуналиите. Еко активистите и архитектите тврдат дека тоа можело да се спречи ако Богдановиќ сакал, наместо да дозволи парите за комуналии да легнат на сметката на општината. Сега инсистираат тој да бара од Министерството за транспорт и врски да се суспендира планот, во спротивно се заканија со тужби.

Слични содржини