Советот за безбедност на ОН денеска гласа за Сирија

од desk2
100 прегледи

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за продолжување на истрагата за нападите со хемиско оружје во Сирија, наведуваат дипломатски извори во седиштето на светската организација.

Тоа гласање со вето може да го блокира Русија која прво сака да се разгледа извештајот за нападот со сарин, во кој во април во сириското место Хан Сејхун страдаа повеќе од 80 лица. Тој извештај би требало да биде објавен во четврток.

САД побараа гласините за Нацрт-резолуцијата која на одборот на стручњаци од ОН и Организацијата за забрана за употреба на хемиско оружје ќе му овозможи уште една година да ги истражуваат околностите на тој напад, како и други напади, во кои постои сомнеж дека сириските власти користеле хемиско оружје.

Сегашниот мандат на тој истражен одбор трае до 18 ноември.

Западните земји ја обвинија војската на Сирија за напад на 4 април, за кој се сомневаат дека е изведен со хемиско оружје, додека сириските власти тоа го негираа и наведуваат дека погодиле бунтовнички магацин во кој имало хемикалии.

Како одговор на тој напад, американскиот претседател Доналд Трамп одобри напад со ракети на сириската база Ал Шајрат.