Современите кукли на Прада

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Малите девојчиња играат со кукли и неизбежно ликовите на совршените играчки придонесоа за создавање на имиџот на совршената жена.

И додека овие критериуми се менуваат малку по малку со годините, новите трендови и сепак пореален поглед за надворешноста, од Prada нè враќаат во магичните светови со новата кампања за пролет-лето 2019.

Италијанската модна куќа ги испреплетува современите олицетворенија на најубавата жена во лицето на супермодели како Џиџи Адид, Лиу Вен, Фреја Беа Ериксен и други, заедно со модерните трендови и шминка која доловува ефект на кукла.

Црно-белите портрети се усогласуваат во колажи со обоените кадри, скроени целосно во дизајнот на 60-тите години, а главниот фокус паѓа на акцентите од модерни чанти.

Чисти кроеви, фустани како кукла и облека која го покрива телото ги издвојува моделите и ги претвора во живи кукли, заедно со трендовите за сезоната.

Сите снимки од кампањата за буквално куклената Прада може да се видат во нашата галерија.