200
Рецепт за француски тост со кашкавал и песто.
Состојки: 1 големо јајце (или 2 помали) 4 лажици путер малку сол 1/4 шолја млеко 4 кришки леб 1 шолја нарендан кашкавал 1/2 чаша песто сос 2 лажици свеж лук (сецкан)
Подготовка: Изматете ги јајцата и млекото и посолете малку. Потопете го лебот во добиената смеса, а потоа испржете го во тавче каде што претходно сте загреале 3 лажици путер. Кога лебот е готов, врз него ставете го кашкавалот , песто сос и лукот. Намачкајте го огноотпорниот сад со преостанатата лажица путер и ставете го тостот во рерна загреана на 220 степени. Печете околу 5 минути, или додека кашкавалот не се растопи.