Овие коцки со мини переци и путер од кикирики се најдобрата закуска за вашата следна забава! Имаат кора со мини переци, а под кората има слоеви од путер од кикирики, чоколадо, кокос и прелив од засладено кондензирано млеко.
Дали ви се допаѓаат слатки и солени комбинации? Ако одговорот е да, тогаш имаме вистинско уживање за вас. Колачињата направени од мини переци и путер од кикирики ќе ги воодушеват сите кои сакаат благи јадења и оние кои се повеќе склони кон солени задоволства. Тие се истовремено меки, крцкави, слатки, солени и вкусни.
Состојки:
150 грама мини переци
75 грама стопен путер
3 лажици шеќер
1 конзерва засладено кондензирано млеко (397 g)
57 грама путер од кикирики
100 гр путер од кикирики со грутки
100 гр чоколадо
75 гр кокосово брашно
Инструкции:
- Загрејте ја рерната на 190⁰C. Со фолија обложете четвртаст калап за печење со димензии 20х20 см. Измачкајте го калапот со стопен путер и оставете го на страна.
- Во сад истурете 1/4 чаша засладено кондензирано млеко и оставете го на страна. Во друг сад додадете го путерот од кикирики и преостанатото кондензирано млеко. Ставете го во микробранова печка 30 секунди. Мешајте ја смесата додека не стане течна. Оставете на страна да се излади.
- Измелете 3 чаши со мини переци се додека најголемите парчиња не бидат со големина на зрно грашок. Од оваа смеса земете 120 грама и вратете ги во процесорот. Додадете шеќер и стопен путер и мешајте непрекинато 20 секунди. Смесата ќе изгледа како влажен песок.
- Смесата се истура во подготвената тава. Со помош на чаша, цврсто притиснете ја смесата во рамномерен слој на дното на садот.
- Печете ја кората додека не стане цврста на допир и малку златна околу рабовите, околу 10 минути.
- Повторно измешајте ги путерот од кикирики и кондензираната смеса, а потоа истурете ја врз испечената кора и додадете уште 3/4 чаша од смесата со путер од кикирики. Додадете и пола од кокосовото брашно, половина од путерот од кикирики со грутки и пола од чоколадото.
- Истурете ја преостанатата смеса од путер од кикирики и кондензирано млеко преку целиот калап. Истурете го и преостанатото кокосово брашно, путерот од кикирики со грутки и чоколадото. Одозгора наредете ги целите парчиња мини переци и нежно притиснете надолу со рацете за да бидете сигурни дека слоевите се компактни. Прелијте го преостанатото кондензирано млеко.
- Се пече на средна температура 30-35 минути додека рабовите не добијат златна боја. Центарот може да биде малку мек, но плочките ќе се стврднат додека се ладат.
- Извадете ги плочките од рерна и ладете ги на решетка час и половина. Извадате ја фолијата и продолжете со ладење на решетката уште 1 час. Кога плочките ќе достигнат собна температура, завиткајте ги во најлонска фолија и оставете ги во фрижидер 2 часа или преку ноќ. Ова ќе обезбеди дека плочките ќе бидат цврсти.