Совршениот појадок за слабеење

од Vladimir Zorba
584 прегледи

Сакате да ослабете? И сакате да знаете која е најсоодветниот појадок за вас?

Појадок кој ви дава доволно енергија, но истовремено со тоа ви помага да слабеете.

Според диетолозите појадокот треба да ви обезбеди 25% од дневната доза на енергија … онака кажано за една жена во активна возраст појадокот треба да не надминува повеќе од 500 калории.

Еве и како да го структурирате појадокот, ако сте во процесот на слабеење: Никогаш не ограничувајте и не пропуштајте појадокот, не го заменувајте со кафе на нога или со неколку блокови чоколадо.

Примањето на храна двапати дневно може да ги попречи плановите за слабеење.

Второто задолжително правило е да избегнувате преработените храни и рафинирани шеќери – без бисквити, чоколадо, вафли, крофни и кроасани – богати со заситени масти и шеќери храна.

Еве ви неколку готови идеи за совршен појадок во режим на слабеење:

1. Чаша чај или кафе, парче интегрален леб со шунка / чаден лосос, авокадо или јајце

2. Овесни трици или јатки, или семиња чија со нискомаслен јогурт и грст плодови (банана, јаболко, боровинки)

3. Семе чија со нискомаслен јогурт и грст боровинки

4. чинии со овошје и чаша свежо исцеден сок од грејпфрут

5. Смути од спанаќ, аспарагус, банана, киви, шумски плодови, семиња од чија

6. Мусли со овошје и нискомаслен јогурт

7. А ако се разбудите од волчји глад кон слатко, тогаш ви го нудиме слаткиот рецепт на фитнес инструкторката Кајли Итсинес – протеински шејк со путер од кикирики и банана …. но по овој појадок не заборавајте да ја посетите салата за спорт подоцна во денот.

Слични содржини