Создаден брз тест за Ковид-19: Чини само 5 долари, а резултатите се готови за 15 минути

од Nikola Popovski
162 прегледи

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) издала одобрение за итна употреба на брзиот тест на Ковид-19 на компанијата „Abbott Laboratories“.

Станува збор за тестот наречен „BinaxNOW COVID-19 Ag“ кој дава резултати во рок од 15 минути, а компанијата планирала да го продаде за 5 долари. Комплет за тестирање е исклучително практичен и изгледа како кредитна картичка, се вели во соопштението од „Abbott Laboratories“.

Според клиничката студија спроведена од компанијата во соработка со неколку водечки американски истражувачки универзитети, тестот BinaxNOW покажал чувствителност од 97,1% (можност за прецизно идентификување на оние кои имаат вирус) и специфичност од 98,5% (можност за прецизно идентификување на оние кои немаат вирус) кај пациенти за кои постои сомневање дека биле заразени со ковид-19 во првите седум дена по појавата на симптомите.

„Масовната употреба на овој тест ќе им овозможи на десетици милиони луѓе пристап до брзо и сигурно тестирање“, рекол епидемиологот Џозеф Петросино од Медицинскиот факултет Бејлор.

Слични содржини