Создавање на Суперлига е неизбежно, според Феноменот

од Vladimir Zorba

Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо го коментираше развојот на фудбалот во последните години и плановите на некои од најбогатите клубови во Европа да создадат Супер лига.

„Тоа може да се случи. Фудбалот секогаш оди напред и се подобрува. Но, не знаеме како ќе заврши. Водечките тимови сакаат да станат побогати за да можат да ги платат играчите. Ќе има Суперлига, но не во форматот што беше претставен, бидејќи тоа би било катастрофа“, изјави Роналдо.

„Во моментов нема дијалог меѓу лидерите на светскиот фудбал, од кои зависи просперитетот како индустрија. Не разбирам зошто ФИФА, УЕФА и различните лиги не разговараат меѓу себе“, додаде еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.

Слични содржини