СП до МОН: Вие не оцрнувате, уништивте се што е кративно кај младите, Вие сте виновни што младите си заминуваат

од desk3
141 прегледи

Со скандирање на слоганот „Ние сме иднината“ заврши денешниот средношколски марш за подобро образование. Средношколците, но и наставниците и граѓаните кои излегоа на протестот во знак на поддршка за учениците, од Министерството за образование и наука побараа да запрат со лошите реформи-информира Радио МОФ.

12178296_677671085666500_1921152513_n-702x336

„Токму вие ја оцрнивте, клеветите и омаловажувате младината на Македонија. Ја навредивте сопствената иднина, си дозволивте да нанесете катастрофа за општеството. Ако никој друг, историјата ќе ви суди, таа е најсуровиот судија. Вие пленумци продолжете горди да стоите исправено бидејќи пред нашите внуци ќе кажете дека бевте дел од таа историја. Ние пишуваме историја за да делиме подобра иднина, Додека светот максимално креативно ги користи младите вие не оцрнувате, немајќи доблест да се соочите со одговорност , уништивте се што е кративно кај младите. Вие сте виновни што младите си заминуваат да служат во туѓа држава.

Поздрав од кумановските средношколци. Не сте сами“, порача во својот говор пред МОН средношколецот Никола Крстевски.

Пречекан со големи овации пред присутните се обрати и професорот Душко Стојановски, од скопската гимназија „Орце Николов“, кој им порача на средношколците да престанат да се плашат. Тој им се обрати и директво на оние кои носат одлуки во МОН.

„Овие овде не можам да ги наречам повеќе од безгласни букви , мегафони, треба да се викаат трговско друштво. Никогаш сами ништо не кажале, само кога има тендерчиња. Сето друго доаѓа од друго место.

Не може да се очекува од повторувачи да разберат што е квалитетно образование,“ порача професорот.
Повеќе ТУКА