Спалети: Не бевме способни да направиме повеќе

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Селекторот на Италија, Лучано Спалети зборуваше по поразот на „азурите“ од Швајцарија со 2:0 во осминафиналето на ЕП 2024. Тоа значи дека тимотнема да може да ја одбрани титулата по триумфот на последното Европско првенство.

„Вистината дека голот на почетокот на вториот дел ја скрши нашата самодоверба. Дури и кога ги притискавме на нивната половина, не бевме доволно остри. Разликата денеска беше во темпото, бевме премногу слаби во однос на нив во првиот дел. Дури и на индивидуален план, имаше различно темпо во однос на потезите и дуелите. Мислев дека ќе бидеме поостри и одморив неколку играчи, но се покажа дека повеќе не сме способни да направиме во моментов“, рече Спалети.

Селекторот на се уште актуелните шампиони бараше причина за раниот пад на формата на играчите по завршувањето на сезоната.

„Ни претстои долг пат, ќе пристапиме полека, но нормално дека ќе ни треба повисоко темпо. Дури и без да зборуваме за квалитетот на играта, ќе ни треба повеќе пожртвуван дух, поголема конзистентност во затворањето на противникот, враќање назад. За жал, многу работи доаѓаат од начинот на кој ја завршивме сезоната. Нашите играчи не беа во очекуваната форма и сè стана многу тешко“, рече Спалети.

Слични содржини