Спас – се појави првата сајбер фирма-убиец на Покемони

од desk3

Планетарно познатата и дури во вселенски размери сматрфон апликација Pokemon Go се покажа одлична можност за правење на пари не само од страна на креаторите на играта. Поради подзагубениот дел (или целиот) од коефициентот на интелигенција, генијалци кои не испуштаат очи од играта, веќе создале сајбер компанија која убива Покемони!

 

0389415001469172225_554950_600x458
Излезе дека во САД сајбер компанија LookingGlass е првиот официјален виртуелен убиец на досадните анимирани суштества. LookingGlass била најмена од осум компании кои работат во енергетската сфера, за да го разбие кодот на Pokemon Go и да ги отстрани Покемоните утврдени за наоѓање на приватни имоти или близу до електрични табли и столбови.
“Официјално сме во бизнисот на убиства на Покемони”, потврди за CNN Money главниот извршен директор на LookingGlass Крис Коулман. Од зборовите стана јасно дека кога ќе локализираат Покемон во “чувствителна зона”, експертите на фирмата му праќаат соодветните кодови со локацијата на Покемон во “реалниот свет”.

Коулман е пријател со Гилман Луј, еден од директорите на Niantic ( Компанијата-творец на Pokemon Go). Од Niantic сепак не коментираа дали навистина LookingGlass станаа де факто убиец на Покемони. Pokemon Go претставува забавна апликација за паметни телефони, што ги тера играчите да ги “собираат” Покемоните кои всушност се наоѓаат на виртуелна карта, која реално се наоѓа на земјино место. Излезе, сепак, дека во многу случаи Покемон беа спакувани во приватни имоти или забранети за влез зони и тоа предизвикува бројни проблеми.

Слични содржини