Доколку неочекувано ви дојдат гости, не грижете се… Додека ги послужите со кафе, оваа пита ќе се испече во рерна!
СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:
2 јајца
1/2 лажичка сол
1 шолја јогурт
1 шолја брашно
1 лажичка сода бикарбона или прашок за печиво
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
300 гр мелено месо малку издинстано
2-3 главици кромид исечкани на коцки
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте јогурт со сода и оставете да отстои 5 минути. Потоа додајте ги останатите состојки за тесто и добро измешајте.
Намастете тепсија со масло или маст и посипете ја со брашно. За оваа количина не треба да се користи голема тепсија.
Во тепсијата ставете половина од тестото, наредете фил и од горе ставете ја другата половина од тестото.
Ставете во загреана рерна и печете 40 минути. Вашата пита е готова.
Добар апетит!