„Спас за Гевгелија“ бара премиерот да го разреши министерот Бектеши

од Aleksandar Todeski
473 прегледи

Иницијативата „Спас за Гевгелија“ вечерва преку Фејсбук статус го повика министерот за економија да не си игра со достоинството на граѓаните на Гевгелија и Југоистокот и побара премиерот Зоран Заев да го разреши министерот Крешник Бектеши, во спротивно Југоистокот ќе излезе на протести.

„На министерот за економија Бектеши му порачуваме дека не може повеќе да си игра со достоинството на граѓаните на Гевгелија и Југоистокот. Трпението на народот е на крај. Советот лани му даде негативно мислење за рудник за злато на Кожуф. Оваа година бараше повторно мислење и пак му дадоа негативно мислење. Пред неколку дена по трет пат поднесува барање за мислење за истиот предмет. Оваа е невидена срамота и играње мајтап со законите и правата на граѓаните“, велат од иницијативата.

Тие го повикуваат јавното обвинителство да утврди дали има злоупотреба на службената дожлност во случајот.

„Го повикуваме јавното обвинителство да утврди дали има злоупотреба на службената должност во овој случај, а антикорупциската комисија да утврди дали е во прашање директен материјален интерес на министерот. Од премиерот Заев бараме да го разреши министерот Бектеши, во спротивно народот од Југоистокот излегува на улица“, велат од „Спас за Гевгелија“.

Слични содржини