Спас за сиромашните: 3D куќи готови за една недела за цена од 5.000 евра (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski
563 прегледи

Изберете го местото каде што сакате да ја изградите куќата или викендицата. Ќе мора да се задоволите со големина од околу педесет метри квадратни, што е простор каде ќе добиете спална соба, дневна соба, кујна и купатило. Пред куќата ќе имате и покриен трем на кој удобно се вклопуваат масата и неколку столчиња. Компанијата што ја ангажиравте ќе започне во понеделник и ќе заврши во петок, така што ќе можете да имате време за забава за време на викендот, пет дена по почетокот на изградбата.

Звучи невозможно? Што ако ја додадеме цената од педесет евра за метар квадратен, или пет илјади евра за целиот објект? Веројатно ќе кажете дека сме целосно луди, но куќи кои од подот до таванот, буквално од нула, може да се изградат за помалку од една недела скоро каде било во светот по цена на просечен користен автомобил од околу десет години – веќе постојат.

Успеаја да ја симнат цената на куќата

После катастрофалниот земјотрес од дури седум степени во Рихтер, кој го сруши главниот град на Хаити во 2010 година и остави бездомници меѓу 2 и 3 милиони луѓе, дојдов во таа земја како хуманитарец кој сака да им помогне на овие луѓе кои веќе немале ништо. Донирав пари на разни здруженија, но сфатив дека сето тоа е капка во морето, се чувствував мизерно и немоќно додека одев меѓу стотиците илјади луѓе кои спиеја во калта на улиците. Размислував што да правам и потоа основав непрофитна организација со неколку други пријатели, која ја нареков New Story, и тука се започна – опишува Американецот Брет Хаглер на почетокот на приказната.

New Story наскоро се здружи со ICON, компанија со седиште во Силиконска долина која е специјализирана за 3Д печатење, а по околу две години соработка, тие успеаја да ја испечатат првата 3Д куќа на крајот на 2018 година. Имаше 33 квадрати и нејзината изградба чинеше околу десет илјади долари, а со дополнително оптимизирање успеаја да ја намалат цената на седум илјади долари. Тие изградија околу педесет такви куќи во Мексико, а потоа се концентрираа на изградба на нов принтер, кој го завршија минатата година, и го именуваа како Вулкан Втори.

Покрив на глава за милиони

Станува збор за грдосија висока 3,5 метри и широка 8,5 метри кој ќе ја печати бетонската конструкција на куќата, односно подот, sидовите и деловите на покривот за околу 24 часа, по што мора да се исушат неколку дена. Во втората фаза, сепак, ви требаат работници да постават врати, прозорци, дел од покривот и инсталацијата, а на добро обучен тим од четири до пет лица им требаше во просек два дена.
Куќата е исклучително отпорна на сите видови екстремни временски услови, како што е торнадо, и може да издржи земјотрес со јачина од 8 степени Рихтер, бидејќи е изградена од специјална мешавина од бетон наречена Lavacrete. Внатрешноста е прилично светла, рабовите не се остри, но заоблени, така што изгледа прилично модерно. Оваа година во Јужна Америка, ќе изградиме цела населба од сто идентични куќи, во кои, во соработка со локалните власти, ќе ги преселиме најсиромашните семејства кои заработуваат помалку од три долари на ден – објаснува основачот на „New Story“. Тој посочува дека ќе започне со продажба на својот печатач оваа година, а долгорочниот план е за стотици милиони луѓе кои сега го немаат тоа, буквално, да добијат покрив над главите.

Слични содржини