Спасен англиски државјанин кој паднал во Охридското езеро

од Nikola Popovski
62 прегледи

Денеска (27.06.2024) во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во водите на Охридското езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

По преземените мерки, лицето е извадено и констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија. Лекар од Итната медицинска помош, кај него констатирал телесни повреди, по што, со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до Езерската полиција.

Оттука, повредениот, со медицинско возило е пренесен до болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Слични содржини