Спасено 7-месечно бебе во Турција, поминало 140 часа под урнатините

од Nikola Popovski
126 прегледи

Седуммесечно бебе е спасено во турската провинција Хатај, 140 часа по силниот земјотрес што ги погоди таа земја и Сирија.

Како што  додаваат „Anadolu Agency“, една бремена жена и нејзиниот брат биле спасени во провинцијата Хатај, откако биле заробени во урнатините цели 140 часа.

Во провинцијата Кахраманмарас, 26-годишен маж е спасен од урнатините на 11-катната зграда.

Според последните податоци, бројот на загинати во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија се искачи на 28.192.

Турскиот потпретседател Фуат Октај соопшти дека во земјата загинале 24.617 лица.

Досега е потврдена смртта на 3.575 луѓе во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, покажуваат податоците на невладината организација „Бели шлемови“.