Спасеноски: Одлуката на СДСМ да оди самостојно доведе до ваков резултат на изборите

од Nikola Popovski

Резултатот на ВМРО-ДПМНЕ е изненадување и вкупниот распоред на градоначалничките места, смета универзитетскиот професор, Александар Спасеноски во гостувањето на емисијата „360“.

Според него, од овие избори може да се извлечат три заклучоци.

-Победи ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не успеа да го повтори успехот од 2017 година и ДУИ ја потврди стабилната поддршка, додава Спасеноски.

Тој потенцира дека има неколку причини како дојде до вакви резултати.

-Одлуката на СДСМ да оди самостојно надвор од коалицијата. Исто така делот за овие 235.000 гласови се лошото менаџирање на кадрите во пресрет на изборите, но и вкупното незадоволство од менаџирањето во општините, смета професорот.

Слични содржини