Спасеновски: Во услови на сериозни политички предизвици, исклучувањето на ДУИ не е полезно за стабилноста на државата

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Во услови на сериозни политички предизвици, какви што впрочем се евентуалната блокада, евентуалниот застој на европските интеграции, или лошите билатерални односи со Бугарија или променетата геополитика, сметам дека најмалку што ѝ е потребно на оваа држава е дополнително комплицирање на приликите и со нов внатрешно-политички проблем, како резултат на исклучување на една важна политичка партија од учество во власта во државата, вели во интервју за РСЕ професорот по уставно право и политички систем, Александар Спасеновски.

„Така што, од аспект на поводите за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за исклучување на ДУИ можеме да најдеме причини, меѓутоа од аспект на тоа дали ваквото решение придонесува или одмага, мојот заклучок е дека тоа не е полезно за стабилноста на државата и за евентуално полесно и подобро надминување на политичките предизвици со коишто се соочуваме во моментов“, истакнува тој.

Слични содржини