Професорот Ѓорѓи Спасов се огласи преку социјалните мрежи во врска со посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Битола за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“.
„Не можеше Петков да избере полош лик од Михајлов и подобра бугарска делегација во која се Каракачанов и Захариева, за политичка провокација па и омаловажување на сите напори за приближување кон ЕУ што ги прави Македонија. Мораше некој официјално да го извести дека ние и тоа можеме да го поднесеме но не е начин за помирување. Ако треба антифашистот Тито да го заборавиме а фашистот Михајлов да го славиме како услов за влез во ЕУ и за кревањето на ветото од Бугарија, тоа вистина ќе потрае или никогаш нема да се случи“, пишува Спасов.
Според него, сега е ред официјална делегација од Македонија со претставниците на ОМО илинден на 20 ти април да отиде на гробот на Јане Сандански на Пирин и да отвори клуб на Македонците во Сандански кој ќе биде мост во соработката меѓу двете земји.
„Само за да се тестира бугарската и европска толеранција“, истакнува Спасов.