Спасов: Дали ќе има „активен бојкот“ на ресторанот во Собранието?

од Берта Китинска
400 прегледи

Пратениците на партијата на Мицкоски ќе преминеле од пасивен на „активен„ бојкот во Собранието. Причината за тоа била што парламетраното мнозинство не сака да се самораспушти и да си го прекине мандатот добиен од граѓаните, пишува на својот Фејсбук профил проф. Ѓорѓи Спасов.

Статусот ви го пренесуваме во целост:

“Каде ли само го научија тоа? На толку обуки и посети во сите европски парламенти веќе беа. Госпоѓа Гога ли им е новиот ментор?

Пасивен бојкот беше кога пратениците од опозицијта до сега само си доаѓаа во Собранието, не влегуваа во салата ако немаше мнозинство без нив, сета активност ја блокираа на сите можни начини ,си ги земаа дневниците и платата, лапаа во ресторанот обемни и евтини оброци и не пропуштаа да прошетааат по странство.

„Активен“ бојкот мора да е нешто различно.

Очекувам дека ќе започнат најпрво со активен бојкот на ресторанот во Собранието, и дека на вратата од ресторанот ќе биде напишано: За оние што ја бојкотираат работата на Собранието нема јадење денес.

Потоа нека преминат на бојкот на земањето дневници и патни трошоци во илјадници евра годишно за секоја седница на Собранието на која ќе бојкотираат .

И на крајот, за инает на СДСМ нека се откажат од платите бидејќи, нели за бојкот не треба државата да им плаќа. Зарем тие како совесни и морални граѓани би дозволиле да земаат плата за неработење, да земаат плата не според трудот туку според деновите на денгуба во Собранието, за време на кои цинично ќе се смешкаат и ќе се гојат како трутови фрлајќи ја вината секогаш врз оние што со нив „не сакале да соработувааат„ и што одбивале да ги прифаќаат нивните „генијални предлози за излегување од кризата„ во која тие ја туркаат земјата од денот на постоењето на нивната партија.

Но, во животот мора да работиш со таков „материјал„ со каков располагаш.

Тоа се претставниците кои ги избрал еден дел од народот. Со нив или без нив животот треба да продложи како и работата на Собранието. Паметен народ и медиуми би го бојкирале „активниот бојкот„ како веќе видена работа од страна на луѓе кои се најдобри само кога ништо не работат или кога им пречат активно на оние што сакаат да работат.“

Слични содржини