Спасов: Декларацијата за Гоце е само еден од инструментите за заплашување на народот

од Nikola Popovski

Поранешниот амбасадор во Бугарија и поранешен министер, Ѓорѓи Спасов смета дека поднесената Декларација за револуционерот Гоце Делчев е провокација.

-Целта на Декларацијата за Гоце Делчев е да се држи во центарот на вниманието на јавноста „опасноста од националното предавство што го подготвува СДСМ во соработка со ДУИ“, да се обноват обвинувањата дека оваа влада е подготвена на нови отстапки пред загрозувачите на македонскиот национален идентитет, да се претстави ВМРО ДПМНЕ како единствен чувар на националниот идентитет и како партија која има капацитет да обединува врз основа на „одбрана на македонските национални интереси“, пишува Спасов.

Тој додава дека Декларацијата за Гоце е само еден од инструментите на таа политика за заплашување на народот, не за обединување туку за продлабочување на сомневањата, поделбите на патриоти и предавници , на големи Македонци и на оние другите, на чесните и корумпираните.

-Затоа не требаше да се прифати. Требаше да им се стави до знаење дека е веќе лесно препознатлива нивната нацоналистичка логика која игра со чуствата на граѓаните, ги злоупотребува најдлбоките патриотски чуства на граѓаните за свои политички цели и дневен профит и сее сомневања без основа.. Всушност ги видовме нивните возвишени цели и почитувањето на ликот и делото на Гоце Делчев кога платија над еден милион евра за неговиот споменик пред мостот на Вардар за кој се испостави дека можел да биде изграден и само за 60 илјади евра колку што чинеше споменикот на Скендербег во иста големина во бронза, појаснува поранешниот амбасадор во Софија.

Пратеникот на ВМНРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието денес објави дека не е усвоена Декларацијата поднесена од опозицијата за одбележување на настани по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

-На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена, информираше Милошоски.

Слични содржини