На сите што шпекулират дека по локалните избори можат да се случат и брзи парламентарни или да дојде до промена на власта преку создавање на ново парламентарно мнозинство треба да им се порача: Нека не ве лаже умот!, пишува на својот Фејсбук профил професорот Ѓорѓи Спасов, коментирјаќи ги последните случувања на политичката сцена по првиот круг од локалните избори
-Оваа влада има 4 годишен мандат и јасен план на реформи што треба да ги реализира.
Локалните избори се локални избори и ништо повеќе.Владата на коалицијата предводена од СДСМ беше веројатно целосно свесна дека некои од реформски процеси и слабости во првата година од мандатот можат да доведат до незадоволство кај граѓаните пред сегашните локални избори. И тој ризик требаше да се прифати.
Владата не смее да има намера да отстапи од својата политика на градење добрососедство , од своите обврски како членка на НАТО и од патот за членство во ЕУ.
Треба на сите да им биде јасно дека мандатот на оваа влада е до 2024 година и никој во владата не треба да помисли ниту на оставки ниту да прифати избори пред истекот на редовниот мандат.
Пред СДСМ и коалицините партнери е вториот изборен круг од локалните избори пред кој се очекува коалиционите партнери во владата да го демонстрираат своето заеднишво и солидарност.
Коалиционите партнери во владата мора да останат обединети и единствени во остварувањето на непходните и болни реформи за искоренување на криминалот и европеизација на нашата земја.
Локалните избори се прилика и за опозицијата во општините кај што ќе ја имаат власта да покаже дали освен критики на сметка на власта знае и да направи нешто добро за граѓаните во следните три години и до следните парламентарни избори..
Во нејзините напори треба да ја има секогаш подршката од централната власт.И да не заборавиме.Во 2013 година СДСМ ја освои локалната власт само во Струмица, Центар Куманово и Ранковце. Само по 3 години во декември 2016 година СДСМ формираше влада а во 2017 победи во 54 општини и во градот Скопје. Затоа опозицијата не нека не се радува прерано.СДСМ и коалицините партнери остануваат на власт следните три години покрај сите блокади, бојкоти и притисоци што може да ги смисли опозицијата, пишува Спасов.