Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информираше дека побарал од градоначалниците од неговата партија да упатат писма до сите странски компании кои мигрираат од кризните подрачја во Русија и Украина, да дојдат во Македонија.
Свој коментар за оваа изјава изнесе професорот Ѓорѓи Спасов.
-Мицковски денес им рекол на градоначалниците да испратат писма до странските компании кои мигрираат од кризните подрачја во Украина и Русија да дојдат во Македонија.Кретенот нашол начин да печали на туѓата мака.Тој не ја гледа реката бегалци и несреќни луѓе на кои им треба помош и дом,туку ќе го спасувал профитот на странските компании и нашол начин како да ги привлекува.Што повеќе војни и кризни подрачја повеќе бизнис за градоначалниците на Мицковски. Вистина долно, напиша Спасов на Фесјбук.