Груевски се јави. Кажа дека сета политика за зачленување во ЕУ по 2017 година, откако тој избега во Унгарија е погрешна. Сега освен советите што му ги дава на Мицкоски и постовите на фејсбук се очекува да побара средба со Унгарецот Вархеји и да му објасни дека палењето на францускиот предлог во Собранието од страна на неговите сопартијци е в ред, насилствата и протестите исто така како и идејата за референдум и блокирање на уставните промени, пишува на својот Фејсбук, поранешниот амбасадор и аналитичар Ѓорѓи Спасов.
Според него, коментарот на екс-премиерот во бегство ги подрива политиките на Вархеји и на ЕУ.
-Нека му објасни дека тоа е таа исправна политика што ја водел до 2017 година и дека само со таква политика и однесување на членовите од неговата партија може да дојде до евентуална смена на власта а тој наместо во затвор да се врати на бел коњ во земјата и да продолжи со идеите и политиките од пред 2017.година. Орбан доби орден од Ѓорге Иванов ама ова веќе и тој не може да го поднесе. Неговиот азилант да ги подрива политиките на Вархеји и на ЕУ, пишува Спасов.