Поранешниот политичар проф. Ѓорѓи Спасов на својот Фејсбук профил даде свој коментар за трите барања на бугарскиот премиер Кирил Петков.
Според него Петков е исплашен поради новонастанатата состојба во владата и поради тие причини тој “дува во истата гајда наследена од Тодор Живков’.
Само три барања од Петков:
За да преживее владата на Кирил Петков од Бугарија тој испостави само три барања кон Македонија.
1. Да се почитувала Рамковната позиција на Бугарскиот парламент во која се содржани 100 непристојни барања кон Македонија.
2. Да се внесат Бугарите во преамбулата на Уставот на нашата земја.
3. Да сме го почитувале Договорот за добрососедство така како што тие го разбрале и толкуваат.
По ова, можеби ќе преживее малцинската влада на Петков ама нема да преживее надежта дека тој носи нешто ново во бугарската политика.Се исплаши тој од Генчовска, од Слави Трифонов и од Радев и сега дува во истата гајда наследена од Тодор Живков.Сите барања треба да им бидат вратени по пошта со назнака.”Погрешна адреса”.И јуни ќе го преживееме.Толку навикнавме на ембарга, блокади и уцени за членство во ЕУ што некоја брза или избрзана одлука може многу штетно да ни влијае врз здравјето, пишува Спасов.