Спасовски бара анкетни листови за полицајците: „Има некои побогати од носителите на јавни функции“

од Nikola Popovski
480 прегледи

„Ако видите подобро сега, ќе сфатите дека нема такво нешто да се заштити некој функционер, кој работи со криминал, односно да се скрие. Тоа беше практика до 2017 година, во режимот, дa се скрие некој важен“, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за емисијата „Клик плус“.

Тој потенцира дека има многу полицајци кои се побогати од носители на јавни функции или политичари.

„Постојат полициски службеници со разни бизниси, сопственици на ресторани или камиони за транспорт. Затоа сметам дека се потребни анкетни листови за полицајците, по теркот на јавните функционери. Сите нивни активности да бидат во тие листови. Само така ќе дојде до интеграција“, истакна министерот.

Слични содржини