Спасовски: Буџетот на МВР ќе обезбеди достојни услови за полицајците

од Берта Китинска
300 прегледи

Парите од предлог буџетот на МВР за 2021 година ќе бидат наменети за да се продолжи со реконструкција на објектите на МВР кои имаат потреба од тоа, да се обезбедат достојни услови за полицајците кои секогаш се сервис на граѓаните, најави денеска министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

-Ќе се реконструираат  објекти ќе има нови изградби,  ќе се  обезбедат униформи за полициските службеници и лична заштитна опрема. Сето ова укажува на развојната компонента на буџетот, која е во насока на подобрување на работењето и реализирање на сите активности што се во надлежност на министерството, како и непречено функционирање за остварување на основните стратешки приоритети и цели, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.Се заложив и во изминатиот период и беа реконструирани 45 објекти, а се градеше и центарот за санирање од катастрофи, како и нови форензички лаборатории. Ќе се прави и надградба на постоечкиот софтер за идентификација на лица од фотографија и со препознавање со папиларни линии од дланки. Овој систем сериозно ќе ги зајакне позициите и пред меѓународните фактори , а се прави и проект за нови лични документи“, посочи Спасовски.