Спасовски: Енормно е зголемен бројoт на барања, дневно има околу 4000 пријавувања

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека изминатиов период има зголемувања на барањата за лични документи и дека денвно има околу 4000 барања.

-Издавањето на лични документи тече , ние имавме двапати прекин по неколку дена во кои се вршеше миграцијата на податоците за новиот систем .Од 1 јули започнавме да издаваме лични документи со новот уставно име кој е во согласност со Уставот и Законот за јазиците и секако дека во овој период имаме зголемени барања за издавање документи и тоа е секоја година кога доаѓа летото, но сега имаме енормно зголемен број на барања за издавања на документи.Во мај имавме околу 31 илјада, во јуни 42 илјади барања сега имаме просечно двено по 3000 телефонски барања и по 1000 барања преку интернет значи вкупно околу 4000 пријавување дневно.Според статистиката 65 илјади термин имало во мај во јуни  имало 66 илијади.Службите работат со зголемно работно време се работи и викенди оние пасоши и документи кои беа побарани пред 1 јули се со името Р.МАкедонија и се изговтени и ги подигаат граѓаните,  вели министерот во Утрински Брифинг.

Слични содржини