Спасовски го осуди вчерашното приведување во општина Врапчиште

од Nikola Popovski
27 прегледи

Сега е црквата во Галате, утре може да ни се случат многу други напади и спречувања во делот на верски објекти и на тој начин се потпалуваат меѓуетничките судири. На Македонија не ѝ требаат инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи. Не треба да си играме со правата на вероисповест и се што треба да се решава, треба да биде меѓу институциите на системот и преку дијалог да се дојде до решение, вели пратеникот на СДСМ и екс-министер Оливер Спасовски за инцидентите околу црквата во село Галате, општина Врапчиште и вчерашното апсење на граѓани во зградата на општината.

Спасовски го осуди вчерашното приведување и истакна дека е неоправдано. Според него, не треба да се посегнува по таков начин на однесување, кога станува збор за верски објекти.

-Ќе ги напоменам случувањата на скопскиот аеродром, на граничниот премин „Блаце“, ова сега во Галате…Нема оправдување. Ова се некакви други структури во македонската полиција – не може да има поранешни и сегашни. Македонската полиција е таа која треба да им служи на граѓаните и нивните интереси, кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Слични содржини