Спасовски го прошета Нешиќ во Старата скопска чаршија

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот босански колега Ненед Нешиќ денеска прошетаа низ Старата скопска чаршија.

– Ако Сараево ја има Башчаршија, Скопје може да се пофали со Старата скопска чаршија. Заедно со мојот драг босански колега, Ненад Нешиќ, во рамки на дводневната посета на делегацијата од Министерството за безбедност на БиХ на нашата држава, прошетавме низ оваа знаменитост на нашиот главен град која е единствен споменик на културата во Македонија, во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање, напиша Спасовски на својот фејсбук-профил.

Слични содржини