Спасовски и Чулев на распит во Обвинителството

од Берта Китинска
525 прегледи

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и поранешниот технички министер, Наќе Чулев, биле повикани на распит во Одделението за гонење на организиран криминал и корупција, за случајот поврзан со поранешниот генерален секретар на владата, а сегашен советник во владата Драги Рашковски кој набавил софтвер за сообраќајни прекршоци за Министерството за внатрешни работи за 81 000 евра, а не е во употреба осум месеци.

Спасовски и Чулев биле повикани како сведоци во постапката. Двајцата биле повикани во различни денови, а исказот го дале пред обвинителката Вилма Русковска,пренесуваат повеќе медиуми.

Обвинителството на 18 март отвори предистражна постапка по допрен глас во врска со набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни од страна на Генералниот секретаријат на Владата. Во таа насока издадени се повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Генералниот секретаријат на Владата, во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, а бил платен 81.000 евра.

Слични содржини