Спасовски: Има граѓани со два матични броеви, но таа бројка е многу помала од 20.000

од Nikola Popovski

„Да обвиниш дека над 20.000 граѓани имаат два матични броеви е невкусно“, вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги коментира денешните обвинувања на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за наводна афера „Мафија 2“.

Според Спасовски, ова не е ништо ново.

„Јас кажав и вчера, постојат одредени граѓани со двојни матични броеви. Според Законот за матични броеви од 1980 година, тогаш се евидентирало според живеалиштето, а за новородените е според местото на раѓање. Во 1985 доаѓа до технички пропусти по 2 матични броеви од многу аспекти. МВР веќе подолго време работи во утврдување на матични броеви и поништи дел од овие. Поништени се 580, а за 80 постапката е во тек. Во Скопје, поништени се само 210 лица. Далеку е бројката од 20.000 граѓани со два матични броеви, како што вели Мицкоски“, потенцира Спасовски, во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Слични содржини