Спасовски: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е стратешка определба на Македонија уште од 1991

од desk2
80 прегледи

Министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска оствари средба со пензионерите од здруженијата на старосни и пензионери-инвалиди на трудот од Крива Паланка на која посочи дека претстојната недела е клучна за Македонија, секој да поразговара со блиските и соседите и да им каже зошто е важно, како што рече, да се излезе на референдумот, како во 1991 година, и да гласа согласно сопствените убедувања, „за“ или „против“.

– Интеграцијата во НАТО и ЕУ е стратешка определба на Македонија уште од 1991 година, а тогашните лидери кои ја воделе државата биле визионери и знаеле дека не можеме сами ккао народ и држава од 2 милиони жители, туку мора да се интегрираме и да имаме кој да застане зад нашиет интереси. Вие се сеќавате подобро за референдумот во 1991 година, и тогаш имаше голема дебата, дали треба или не, вакво или онакво било прашањето, меѓутоа тоа беше круцијален момент да се изјасниме дали сакаме назависна и суверена Македонија, а сега е моментот да се изјасниме дали сакаме интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, рече Спасовски.

Меѓународната подршка е посилна од кога и да е, според Спасовски, а дел од најмоќните лидери од Европа и светот ја посетија Македонија.

Посочи дека во Македонија се вкрстуваат и минуваат многу важни патни правци, има одлична геостратешка положба, па поради тоа, ни е важна меѓународната подршка, но и на Европа и значи нашата интеграција во големите семејства на ЕУ и НАТО.

Спасовски при посетата на Крива Паланка и Кривопаланечко оствари средби со младите во центарот на градот, а попладнево предвидени се средби во населба Маневци и село Конопница. 

Слични содржини