МВР нема забележано посериозни инциденти на денешниот ден на избори. Денес се пријавени 91 настан, бројка која е многу помала од претходните изборни циклуси, Најголемиот број од пријавените инциденти се во Скопје, Штип, Куманово , Велес и Тетово рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Помалку настани се забележани, како уништување на гласачки материјал, гласало едно ковид позитивно лице, сликање членови на комисија и избирачки места, но и едно прекршување на изборен молк. Најмногу настани се пријавени во Скопје, потоа Штип, Куманово, Битола, Тетово, и по неколку во Велес, Охрид и Струмица., кажа Спасовски.