Спасовски: Ќе се исплати заостанатата бонус плата на вработените во МВР

од Nikola Popovski
295 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска одржал онлајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев.

„На вработените во МВР ќе им биде исплатена заостаната бонус плата за 2017 и 2018 година, но и за 2020 година“, соопшти Спасовски.

Тој нагласува дека претходниот мандат обезбедиле средства за исплата на бонус плата за 2019 година и таа за прв пат беше исплатена во МВР.

„Бонус платата за 2017 година ќе биде исплатена во декември оваа година, а бонус платата за 2018 и 2020 година во текот на наредната година“, дополнува Спасовски.