Спасовски-Кузмички: С. Македонија вложува максимални напори да обезбеди непречено владеење на правото и спроведување на законите

од Nikola Popovski

Денеска, во рамки на редовните активности за следење на имплементацијата на проектите кои се дел од Инструментот за претпристапна помош, остварив средба со Мојца Кузмички, проектен лидер во рамки на проектот ,,ЕУ поддршка за владеење на правото“-ИПА 2020 и лидерот на компонентата 2, Гунтер Бехтлоф, информираат од МВР.

Во соопштението стои дека целта била кратка презентација и запознавање со проектот кој што започна со имплементација на 18 јануари 2021 година и ќе трае 5 години, а како крајни корисници се МВР, односно Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

-Владеењето на правото и борбата против организираниот криминал претставуваат врвен приоритет за секоја современа држава, во таа насока Република Северна Македонија вложува максимални напори да обезбеди непречено владеење на правото и спроведување на законите, додаваат од ресорното министерство.

Слични содржини