Спасовски: Лицата кои ќе дојдат од Авганистан не се радикали

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска појасни дека цивилите кои ќе пристигнат од Авганистан се лица кои работеле во меѓународни организации, за држави членки на НАТО, за нашите сили и дека  тие не се радикални за да преставуваат закана.

–Лицата што ќе дојдат организирано во земјава, ќе бидат проверени и одобрени, при што нашите служби се во постојана комуникаците со меѓународните. Да споменам дека за време на најголемиот бегалски бран во 2015 и  2016  година низ Македонија поминаа еден милион мигранти и тоа не остави никакви последици во земјата.Како МВР сме должни да ги провериме и тоа го налага процедурата. Затоа, да бидат спокојни граѓаните, нема индиции за загрозување на безбедноста, рече  Спасовски.

Слични содржини