Спасовски: Mигрантската криза подразбира континуирано барање решенија на земјите

од Nikola Popovski
270 прегледи

Денеска учествував на Конференција за мигрантската криза и земјите од Балканско-Јадранскиот регион, во организација на Меѓународната полициска асоцијација-ИПА во Република Северна Македонија, која минатата година одбележа еден значаен јубилеј, 70 години од постоењето, а годинава, пак, ИПА Северна Македонија прославува 10 години од своето постоење, информира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Според него, мигрантската криза и земјите од Балканско-Јадранскиот регион, за жал, сѐ уште е актуелна, што подразбира континуирано барање решенија на земјите за предизвиците кои ги носи миграцијата, но и цврста одлучност со заеднички активности да ги менаџираме овие миграциски текови, постојано изнаоѓајќи можности за унапредување на постојните форми на соработка во областа на безбедноста, како во регионот, така и пошироко.

-Имено, заедништвото и партнерството кое полициските службеници од Република Северна Македонија, заедно со нивните колеги од осумте европски земји го покажаа во текот на мигрантската криза на јужната граница, каде се случуваат и најголемиот број на обиди за илегално минување на границата, со цел да се влезе во Западно-балканската рута за да се стигне до западноевропските земји, се показател дека само со заеднички сили можеме да се справиме со сериозните миграциски предизвици.

Оттука, длабоко верувам дека и Меѓународната полициска асоцијација, преку кредибилитетот што го има и својата веќе изградена мрежа, може во огромна мерка да придонесе за проширување на таквата соработка и изнаоѓање на нови модули за поддршка во напорите за справување не само со илегалната миграција, туку и со сите форми на криминал, изјави министерот во поздравниот дел од своето обраќање.

Слични содржини